Мисија и Визија

Институтот за одржливо управување Македонија 2.0 претставува невладина организација (тинк-танк), која во себе спојува интелектуалци со различна политичка и етничка припадност, со единствена цел: демократизација и европеизација на Република Македонија. Основан е од поединци кои ја започнаа борбата за внатре-партиска демократија како предуслов за суштински реформи во начинот на практикување на власта на државно и локално ниво.

Поединечни цели на Институтот ќе бидат:

  •  Градење на вистински демократски институции во Република Македонија;
  •  Охрабрување на граѓаните активно да се вклучат во процесите на градење на здраво и одржливо општество;
  •  Промоција на Република Македонија како самоодржлива држава;
  •  Суштинска поделба помеѓу државата и партијата на власт;
  •  Демократизација, преку реформи внатре во политичките партии, вклучително промовирање на концептот на мултиетнички партии;
  •  Евроатлантска интеграција, преку членство во НАТО и ЕУ за Република Македонија;
  •  Минимизирање на влијанието, вклучително преку лажната пропаганда во процесот на носење на политички одлуки во Република Македонија на сите нивоа;
  •  Промоција на нови лица во политичкиот и општетствениот живот во Република Македонија.

 

Во рамките на Институтот ќе бидат развиени четири видови на програми:

– Мониторинг истражувачка програма- за оцена на слободата и демократијата во општетството;

– Образовна програма- наменета за активистите на Институтот во областите од интерес;

– Програма за минимизирање на радикалното влијание во политичкото одлучување, и тоа во средини во кои истото е најсилно како: партиски организации, религиски групи, форми на здруженија и слично;

– Програма за промоција на граѓански и политички дијалог на сите нивоа во општеството.