Тим

М-р Костадин Богданов

 

По завршување на постдипломските студии во Мастрихт, Холандија, својата професионална кариера ја започнува во Кабинетот на Претседателот на РМ, Борис Трајковски, како помлад соработник за европски прашања и евроинтеграција.
Во јуни 2004 година станува член на адвокатската комора на РМ, кога ја основа адвокатската канцеларија “Богданов и Богданов”.

Работи на области од граѓанско-правната област со особен фокус на заштита на правата на стопанските субјекти пред судските и управните органи.
Во 2011 година, од страна на Владата на Република Македонија е именуван за Владин агент (застапник) пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција. Моментално е докторанд на УКИМ Скопје на катедрата по административно право.

Автор е на повеќе трудови од областа на заштитата на човековите права во домашниот правен систем и пред Европскиот суд за човекови права.
Костадин Богданов е редовен предавач на Академијата за судии и обвинители на Република Македонија од областите на меѓународно право и системите за заштита на основните човекови права и слободи наменети за судиите и обвинителите од почетна и континуирана обука.
Од страна на Министерството за правда на Република Македонија е назначен за член на повеќе работни групи за измени и дополнувања на актуелните законски прописи меѓу кои работната група за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и работната група за кодификација на граѓанското право.

Говори англиски и италијански јазик.

 

 

 

 

Александар Михајловски

Роден на 12 Април 1976 во Скопје,  завршил правен факултет на УКИМ и Адвокатската комора на РМ во 2003 година, од кога и работи како адвокат.Основач, косопственик и партнер во канцеларијата “Михајлоски&Поповска”.
Координатор на тимот на адвокати.Адвокат Александар Михајлоски има опширно искуство во корпоративното и комерцијално право, и исто така поседува сеопфатно знаење и значајна пракса во процесното право, облигационото право, сопственичко право и кривично право.

 

 

 

Трпески Филип

Роден на 07.10.1995 во Охрид каде што и го завршил основното и средното образование. Моментално студент на правниот факултет при универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.
Член на повеќе организации од областа на правото и правните науки во Република Македонија. Посетувал на повеќе конференции од областа на правото и заштитата на човековите права, исто така има практицирано право во неколку адвокатски канцеларии низ Република Македонија. Моментално работи во адвокатска канцеларија.

 

 

 

Симона Милошеска-Рамиќ

Родена на 05.02.1987 во Скопје. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, насока Осигурување во 2008 година. Магистер е по економски науки при УКИМ ‘Св. Кирил и Методиј’ на Економски институт во Скопје од 2013 година, насока Меѓународен менаџмент. Вработена е во Агенцијата за пошти Скопје од 2009 година до денес. Посетувала повеќе меѓународни конференции од областа за регулација на поштенскиот сообраќај.

 

 

 

Борис Камчев

Роден на 08.06.1994 година во Скопје каде што го завршил основното и средното образование. Ги привршува студиите на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Моментално стипендист на Конрад Аденауер Фондацијата во Скопје. Учествувал на повеќе меѓународни и домашни семинари и конференции на политички и економски теми меѓу кои на летниот Универзитет на European Democratic Students во Ларнака, Кипар, регионална школа за демократија во Белград, Србија итн.

 

 

Драган Лазаров

Уште како студент, во 2008 година кратко време работел во невладиниот сектор во непрофитни организации од областа на правото. Во 2009 година се вработува во Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија каде што раководел со Кабинетот на Вицепремиерот задолжен за европски прашања, а меѓу другото, работел и на усогласување на законодавството на ЕУ. Во 2012 година магистрира на тема „Европско кооперативно друштво“ на одделот Деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2011 година работел во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија каде што раководел со Секторот за правни работи. Во 2015 година продолжува да работ како адвокат во Адвокатска канцеларија Лазаров.

 

 

 

Петар Радојничкиќ

Роден на 24.12.1993 во Куманово. Своето основно образование го завршил во “Димитар Поп Георгиев – Беровски, а средното образование го завршил во СУГС”Раде Јовчевски – Корчагин”. Магистер по правни науки при Правниот Факултет “Јустинијан Први” на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј. Посетувал повеќе

домашни и меѓународни

 

 

 

Стево Насковски

Високо образование завршува на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје насока политички студии, а втор циклус на студии завршува на правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и се здобива со титула магистер по правни науки од областа на применета политика и дипломатија. Посетувал повеќе домашни и меѓународни обуки од областа на политички менаџмент, внатрепартиска демократија, водење на изборни кампањи и односи со јавноста, како и учествувал на повеќе домашни и меѓународни конференции со различна тематика. Има работно искуство во приватниот и невладиниот сектор, а од 2014 година е во работен однос во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

 

 

Петар Богојески

Православен христијанин, женет со две деца. Роден на 22.05.1979 година во Прилеп, докторант на СУ „Св. Кирил и Методиј“ и СУ „Св. Климент Охридски“. Предходно, дипломира на филозовски и правен факултет и магистрира политички менаџмент и ПР. Поседува дополнително неформално образование во многу области на интерес.

Работно искуство во приватен сектор, раководни позиции во ЈПССДП на РМ и Царинската Управа на РМ. Од 2008 година е државен советник за капитални инвестиции во Агенција за млади и спорт и државен советник за недвижности и правни работи во Министерство за одбрана. Предлага и предводи реализација на низа капитални проекти од локално и републичко значење.